Светите рамноапостолни Константин и Елена

На 03. 06. 2015 година, на празникот посветен на Светите рамноапостолни Константин и Елена, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ - Тетово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Истиот ден Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирскиот комплекс „Св. Константин и Елена“ - с. Вратница, освети вода и ги прережа кумските колачи.